Премиерот Кирил Петков испрати предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковниот став донесен од Народното собрание и Владата, но тој беше одбиен од МНР, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во оставка, на сослушувањето во Народното собрание кое првично требаше да биде затворено, јави БГНЕС.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Преговорите напредуваат, но има и прашања кои остануваат отворени за решавање. Еден од нив е формулацијата на таканаречениот македонски јазик во историска и етничка смисла“, рече Генчовска.
БГНЕС пишува дека претходно, бугарскиот премиер Кирил Петков и официјално го изолирал МНР од процесот, со најавата дека сите одлуки ќе одат преку пратениците.
Сослушувањето на министерката Генчовска е за процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и одлуката за одобрување рамката за преговори.