Германските министри изјавија дека владата ќе го забрза издавањето на работни дозволи и визи за неколку илјади странски работници, главно од Турција, со цел да се регулира хаосот што настана на аеродромите поради почетокот на летната сезона.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Патниците низ Европа се соочуваат со долги редици на аеродромите поради недостиг на персонал на аеродромите.
„Многумина со нетрпение ги очекуваат празниците по долгата пандемија, па затоа е фрустрирачки кога се случуваат ситуации како оваа на аеродромите“, рече министерот за труд Хубертус Хејл на прес-конференција.
Германија сега планира да донесе искусни работници, претежно од Турција, кои ќе работат во земјата, вклучително и за ракување со багажот, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фајзер.
Сепак, тие ќе мора да ги поминат истите безбедносни проверки како и домашните работници пред да почнат да работат.
Авиокомпаниите, од кои некои се надеваа дека ќе можат да ангажираат странски персонал преку агенции, сега ќе можат директно да ги вработуваат и да им даваат стандардни плати.
Министерот за труд ги обвини авиокомпаниите и аеродромските оператори за недостиг на персонал, истакнувајќи дека тие отпуштиле премногу работници за време на пандемијата.
За време на викендот на германските аеродроми настана вистински хаос, пренесуваат медиумите во регионот.