Германскиот министер за здравство соопшти дека Германија издала пет милиони сертификати за вакцинација кои се дизајнирани да бидат дел од системот на дигитални пропусници низ цела Европска унија.
Германија започна да издава сертификати кон крајот на минатата недела, потсетува агенцијата АП.
Аптеките низ целата земја започнаа да издаваат сертификати на лицата кои се целосно вакцинирани и досега имаа само аналогни докази, а сертификатите може да се издадат и на самото место во големите центри за вакцинација.
Германските власти велат дека патниците на европските граници веќе ги користеле сертификатите без никаков проблем.
Досега, 22,3 милиони луѓе во Германија се целосно вакцинирани, што е 26,8 проценти од вкупното население.