Здравствените експерти во Германија денеска се изјаснија против олеснување на мерките за заклучување, затоа што бројот на новозарзени со коронавирусот повторно скокна.
Експертите сметаат дека постои можност од зголемување на бројот на новозаразени случаи со Ковид-19 и достигнување на рекордни бројки.
Институтот за инфективни болести Роберт Кох предвидува дека бројот на дневно пријавени случаи може да надмине 30 000 заразени лица со Ковид-19 во 14-та недела од оваа година, пренесува Ројтерс.
Бројот на смртни случаи од вирусот во Германија е 7.301, а пријавени се 2.558.455 заразени со коронавирусот.
Канцеларката Ангела Меркел и покраинските лидери претходно овој месец се согласија на фазно олеснување на мерките но со можност да им се овозможи на властите повторно да воведат ограничувања ако бројот на нови случаи расте.
Во извештајот на РКИ се наведува дека брзото ширење на британскиот сој , може да доведе до дуплирање на бројките на новозаразени со Ковид-19.