Германија и Британија испраќаат нови воени трупи во источна Европа

пред 3 години

Германија и Британија испраќаат дополнителни војници во Источна Европа поради руските закани.

Обединетото Кралство ќе испрати уште 350 војници на полската граница поради тензиите во Украина. Министерот за одбрана Бен Валас изјави дека ќе испрати уште 350 војници во Полска во „духот на солидарност“, пренесува „Скај њуз“.

Германија, исто така, ќе испрати уште 350 војници во Литванија за да помогне во зајакнувањето на НАТО, објави денеска АФП.

„ Сакаме да го зајакнеме нашиот придонес за источното крило на НАТО и да испратиме јасна порака до сојузниците што зборува за нашата одлучност“, изјави германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт, додавајќи дека војниците ќе бидат распоредени во следните неколку дена.

Во Литванија во моментов има 500 германски војници како дел од силите на НАТО.

Share
Scroll to Top