Германија размислува да купи израелски или американски систем за противракетна одбрана

пред 2 години

Германија, наводно, размислува да купи ракетен одбранбен систем од Израел или САД за да се одбрани од закани, првенствено од руските ракети Искандер во Калининград.

Главниот воен командант на Германија, генерал Еберхард Зорн, изјави за неделникот „Велт ам Зонтаг“ дека ракетите „Искандер“ можат да стигнат до речиси цела Западна Европа и дека нема ракетен штит за заштита од заканата.

Израелците и Американците поседуваат такви системи, рече Еберхард Зорн.

„ Што претпочитаме? Дали ќе можеме да воспоставиме сеопфатен систем за противракетна одбрана во НАТО? Тоа се прашања на кои сега треба да одговориме“, рече Зорн.

Share
Scroll to Top