Германија ја заплени филијалата на руската компанија „Гаспром“

пред 3 години

Германија ја презеде сопственоста на германската филијала на рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“.

Берлинскиот енергетски регулатор привремено ќе ја контролира компанијата и покрај претходното инсистирање на Москва дека таквиот потег би бил незаконски, пишува „Раша тудеј“.

„Гаспром“ Германија, подружница на компанијата со седиште во Санкт Петербург, управува со некои од најголемите капацитети за складирање природен гас во земјата. Според „Восток“, германскиот министер за економија Роберт Хабек ја објавил одлуката, тврдејќи дека тоа значи дека германската енергетска инфраструктура не е „предмет на произволни одлуки на Кремљ“.

„ Аранжманот на администрацијата на доверба служи за заштита на јавната безбедност и ред и за одржување на безбедноста на снабдувањето“, рече Хабек за новинарите, додавајќи дека чекорот е итно потребен за да се обезбеди безбедност на снабдувањето во Германија.

Тој рече дека филијалата на „Гаспром“ до 30 септември ќе биде под старателство на Федералната мрежна агенција, главниот германски енергетски регулатор. Сепак, тој не прецизираше што ќе се случи по тој датум, оставајќи нејасно како германската влада планира да продолжи со компанијата.

Додека „Гаспром“ минатиот петок објави дека ќе го прекине учеството во подружницата на „Гаспром“ Германија, отуѓувајќи ги сите средства од компанијата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека секоја национализација на руски компании од страна на Берлин сериозно ќе го прекрши меѓународното право, сметајќи дека е „неприфатливо“.

Share
Scroll to Top