Германија ќе го вклучи и гасоводот Северен тек 2 во листата на санкции против Русија

пред 2 години

Германија е подготвена да го вклучи гасоводот Северен тек 2 во листата на санкции против Русија, доколку ситуацијата со Украина ескалира, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

– Ги прочитавме можните одговори, вклучувајќи го и Северен тек 2. Да, дијалогот е приоритет за нас, секогаш, но понекогаш е неопходно да бидеме цврсти, како во сегашната ситуација – додаде таа, пренесе ТАС С.

Изградбата на Северен тек 2 беше завршена на 10 септември минатата година, но гасот се уште не почнал да се транспортира во Европа, бидејќи на операторот на гасоводот му е потребна дозвола од германското регулаторно тело.

Share
Scroll to Top