Германија ќе инвестира 60 милиони евра за обнова на Сирија

Германија ќе инвестира 60 милиони евра за обнова на Сирија

пред 1 недела

Германската федерална влада преку невладини и меѓународни организации ќе обезбеди 60 милиони евра за обнова на Сирија.

Средствата ќе бидат искористени за образование, помош за децата и поддршка за внатрешно раселените лица, а германската федерална влада ќе учествува во неколку проекти за помош на Сирија. Сепак, парите нема да бидат директно испратени до сириските власти, јавува „Дојче веле“ повикувајќи се на министерката за економска соработка и развој на Германија, Свења Шулц.

Според Шулц, хуманитарната ситуација во Сирија по падот на режимот на Асад е катастрофална – 90 % од населението живее во сиромаштија и зависи од хуманитарната помош. Голем дел од локалната инфраструктура беше уништен за време на граѓанската војна, која трае од 2011 година.

Текстот Германија ќе инвестира 60 милиони евра за обнова на Сирија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top