Германија: 1.070 лица починаа како последица на Ковид-19

пред 4 години

Во изминатите 24 часа, 1.070 луѓе починаа во Германија од последиците од инфекција со коронавирус, што го зголеми вкупниот број на смртни случаи на 37.607.

Институтот Роберт Кох соопшти дека во истиот период се потврдени 26.391 нови случаи, со што вкупниот број достигна 1.835.038. Во соопштението се вели дека се излечиле над 1.474.000 лица на кои претходно им бил дијагностициран Ковид-19. Изминатиот ден се вакцинирани 46.332 лица, додека од 27 декември се вакцинирани 417.060 лица.

Германското здружение за интензивна нега и итни случаи соопшти дека 5.491 пациент е на интензивна нега, од кои 3.099 се на апарати за дишење. Германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот објави дека мерките за затворање ќе бидат продолжени до 31 јануари и дека ќе бидат преземени дополнителни мерки во борбата против вториот бран на пандемијата.

Share
Scroll to Top