Германската министерка за одбрана: Експлозивна ситуација во САД

пред 3 години

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер изјави денеска дека ситуацијата во САД, по изборите, е експлозивна и рече дека е загрижена дека ова може да доведе до уставна криза.

„Ова е многу експлозивна ситуација. Оваа состојба може да доведе до уставна криза во САД, како што со право велат експертите. И тоа е нешто што мора да предизвика голема загриженост “, рече Крамп-Каренбауер, пренесува „Ројтерс“.

Денес во САД се одржуваат претседателски избори на кои се кандидати републиканецот Доналд Трамп и демократот Џо Бајден, како и избори за членови на Претставничкиот дом и 35 члена на Сенатот.

Share
Scroll to Top