Германската невладина организација C-Watch денеска соопшти дека спасила повеќе од 270 мигранти во Средоземното Море, во спасувачките операции што ги води нејзиниот брод C-Watch 3 од петокот.
„Околу 180 луѓе беа спасени од два чамци во текот на ноќта и божиќното утро. Нашиот екипаж сега се грижи за околу 270 гости“, се наведува на Твитер профилот на C-Watch.
C-Watch во петокот успеа да спаси 93 мигранти од дрвен брод јужно од италијанскиот остров Лампедуза, но, како што додаде на својата веб-страница, само минатата недела 160 луѓе се удавија во водите во близина на Либија.