Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е важно да се спречи ширењето на војната во Украина во други земји, поради што „НАТО не може и нема директно да интервенира во војната“ во таа земја, пренесува АП.
Шолц рече дека Германија ќе продолжи да овозможува испорака на оружје во Украина, а една од можностите е испорака на системи од источноевропските земји кои би биле лесно и брзо употребливи.
Шолц се соочува со зголемен притисок во сопствената владејачка коалиција и главната опозициска партија да испорача тешко оружје како што се германските тенкови Леопард, додава АП.