Годинашните лауреати ја добија Нобеловата награда во своите домови

пред 3 години

Нобеловата награда на годинашните лауреати им беше врачена во нивните домови, додека оркестарот изведуваше класични композиции во речиси празната сала на градското собрание во Стокхолм.

„Ова е навистина поинаква церемонија на Нобеловата награда“, рече шведскиот крал Карл Густав, кој обично ги дели наградите, во пораката од кралскиот дворец.

Церемонијата на доделување на наградите беше пренесувана во живо, а сите лауреати останаа во своите домови поради пандемијата на коронавирус.

Мајкл Хотон, кој заедно со Харви Алтер и Чарлс Рајс ја доби Наградата за медицина, беше облечен во секојдневна облека во неговата градина во Калифорнија кога ја доби наградата.

Исто како добитничката на наградата за литература Луиз Глук, која ја доби наградата во нејзината градина во Бостон.

Некои од нив имаа заштитни маски кога им беа врачени медал и диплома, со парична награда од 1,1 милион долари.

„Се надеваме дека ќе имаме можност да ја прославиме следната година на вистински, вообичаен начин“, рече Берит Рајс-Андерсен, претседател на норвешкиот Нобелов комитет.

Share
Scroll to Top