Русија: Украина изврши четири напади на наша територија, рането е едно дете

пред 2 години

Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските сили вчера во четири наврати ја гранатирале руската територија на границата со Украина, пренесува руската прорежимска агенција РИА.

Украинците пукале во селата Журавлеква и Сподарјушино во Белгородската област, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков, додавајќи дека еден жител е полесно повреден. Во двата напада беа оштетени станбени згради, соопшти руското Министерство за одбрана.

Нападот се случил и во селото Климово, во областа Брјанск, како и на граничната станица Новје Јурковичи во истиот регион, тврдат Русите.

Осум лица се повредени во украинскиот напад во селото, меѓу кои едно дете и една постара жена, кои се тешко повредени, соопшти руското Министерство за одбрана.

Share
Scroll to Top