Голема акција во САД и Италија, уапсени 16 членови на озлогласеното семејство Гамбино

Голема акција во САД и Италија, уапсени 16 членови на озлогласеното семејство Гамбино

пред 6 месеци

Шеснаесет наводни водачи и соработници на криминалното семејство Гамбино се уапсени во САД и Италија, објавија американските обвинители. Обвиненијата против нив вклучуваат рекетирање, изнуда, одмазда против сведоци, заговор и измама. Десет од нив беа уапсени во областа на Њујорк, а шест беа уапсени од италијанските власти во Палермо, Сицилија.

Според американското Министерство за правда, во моментов е во бегство уште еден осомничен. Осомничените, кои живеат во САД, беа изведени пред судот во Њујорк. Во обвинението, обвинителите презентираа шема на заплашување и насилни напади со намера да се проневерат средства и да го измамат синдикатот и плановите за бенефиции на вработените.

Цел на мафијашите беа компаниите за уривање и компаниите за собирање ѓубре. Според обвинението, членовите на групата им се заканувале на претприемачите и барале да им се исплати одредена сума за обезбедување заштита. Тие се обвинети за избегнување на правилата на синдикатот и местење понуди за профитабилни договори за уривање, пишува Би-би-си.

Тие се обвинети и за закани на сведоци, перење пари и злосторства поврзани со огнено оружје.

Семејството Гамбино е едно од петте истакнати мафијашки семејства од областа Њујорк, познати како Ла Коза Ностра. Семејството го водеше шефот Џон Готи до неговата смрт во затвор во 2002 година, а подоцна и од Френк Кали, кој беше застрелан пред неговиот дом во Стејтен Ајленд во март 2019 година.

Неговата смрт го означи првото насочено убиство на мафијашки бос во градот по смртта на тогашниот шеф на семејството Гамбино Пол Кастелано во 1985 година. Неколку неодамнешни истраги и полициски операции беа насочени кон групата во САД и Италија. Обвинетите се соочуваат со казни од 20 до 180 години затвор.

Текстот Голема акција во САД и Италија, уапсени 16 членови на озлогласеното семејство Гамбино е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top