Голема рација во Рим: Уапсени 14 лица поврзани со мафијашки кланови

Голема рација во Рим: Уапсени 14 лица поврзани со мафијашки кланови

пред 1 час

Четиринаесет лица беа уапсени во голема рација на Дирекцијата за борба против мафијата и карабињерите против организираниот криминал во Рим.

Тие беа обвинети по различни точки – обид за убиство, нелегално поседување огнено оружје, обид за киднапирање, изнуда и, во некои случаи, помагање на активностите на кланот Сенезе, објави „Анса“.

Истрагите на карабињерите на Римската истражна единица, координирани од Дирекцијата за борба против мафијата во Рим, ја открија вината за два обиди за убиства во Рим, активности за трговија со дрога и обид за изнуда против златар кој исто така беше цел на интерес на кланот Ди Лауро, активен во покраината Неапол.

Фото: ЕПА

Текстот Голема рација во Рим: Уапсени 14 лица поврзани со мафијашки кланови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top