Последниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, денеска изјави дека советските власти го занемариле опсегот на меѓуетничките проблеми во Советскиот Сојуз и потребата од реформирање на земјата.
Тој изрази уверување дека СССР може да продолжи да постои како Унија на суверени држави дури и по обидот за државен удар во август 1991 година.
“Ни требаше премногу долго за да сфатиме дека на СССР му треба обнова. Безбедноста, одбраната, транспортната инфраструктура, единствената валута и човековите права требаше да останат во рацете на федералните власти додека не се подготви нацрт-обединување. Мислам дека тоа беше одржлива опција која би била поддржана од мнозинството (советски) републики“, рече Горбачов во интервју за ТАС С.
Тој изрази уверување дека единството може да се одржи и откако многу републики прогласија независност, и покрај фактот што моќта на претседателот е сериозно ослабена.
Последниот претседател на Советскиот Сојуз го опиша моментот кога поднесе оставка како „црни денови“ за Советскиот Сојуз, за Русија и за себе и потврди дека обидот да се употреби сила за да остане претседател ќе започне граѓански конфликти со непредвидливи последици.
“Тоа беа црни денови за Советскиот Сојуз, за Русија и за мене, но јас не изгубив самоконтрола и потпишав указ за моето заминување од функцијата претседател на Советскиот Сојуз“ , рече Горбачов.