Граната погоди зграда – загинаа осум цивили

пред 2 години

Државен функционер во градот Изум известил дека во воздушни напади загинале осум цивили, меѓу кои две деца, пренесува „Би-би-си“.

Според заменик-градоначалникот Володимир Мацокин, жителите загинале кога граната ја погодила станбената зграда каде што биле жртвите.

Според снимките кои пристигнуваат, во нападот значителна штета претрпел центарот на овој град, кој се наоѓа во областа Харков.

Share
Scroll to Top