Гранди: Бројот на бегалци до крајот на викендот може да биде 1,5 милиони

пред 2 години

Ситуацијата во Украина се уште е тешка и бројот на бегалци кои бегаат од рускиот напад потенцијално може да се зголеми на 1,5 милиони до крајот на викендот од сегашните 1,3 милиони, изјави денеска високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци Филипо Гранди.

„Ова е најбрзата бегалска криза што сме ја виделе во Европа од крајот на Втората светска војна“, изјави Гранди во телефонско интервју за Ројтерс.

Share
Scroll to Top