Русија: Преговори утре, нема услови за средба на лидерите

пред 2 години

Русија соопшти дека мировните преговори со Украина ќе продолжат утре, но дека не постигнале доволно напредок за средбата на двајцата претседатели, а ставот на Москва за статусот на Крим и Донбас останува непроменет.

Советникот на рускиот претседател и шеф на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински изјави дека разговорите со Киев ќе продолжат утре, пренесува Ројтерс.

Тој нагласи дека ставот на Москва за Крим и Донбас останува непроменет и дека нацрт-мировниот договор во моментов не е подготвен за каква било средба на страните на највисоко ниво.

Share
Scroll to Top