Грета Тунберг: Политичарите се преправаат дека сериозно ја сфаќаат нашата иднина

пред 3 години

Шведската активистка за заштита на климата, Грета Тунберг им рече на младите демонстранти во Глазгов дека политичарите кои присуствуваат на COP26 „се преправаат дека сериозно ја сфаќаат својата иднина“.

Тамошните медиуми пренесуваат дека поради доаѓањето на светските лидери на самитот за климата COP26, планирани се неколку демонстрации во Глазгов.

Собирот на кој присуствуваше Грета Тунберг беше еден од десетината одржани вчера.

Таа на колегите активисти им порача дека промената нема да дојде од политичарите на самитот, туку од собрани поединци кои го преземаат водството.

Се очекува Тунберг да учествува и на големиот климатски марш во Глазгов на 5 ноември, среде конференцијата на ОН.

Share
Scroll to Top