Греј: Некои собири во Даунинг стрит е тешко да се оправдаат

пред 2 години

Некои собири во канцеларијата и резиденцијата на британскиот премиер Борис Џонсон за време на карантинот не требало да се случат, се наведува во истрагата на високиот државен службеник Сју Греј.

Таа во истрагата за собирите во Даунинг стрит изјавила дека некои од нив тешко се оправдуваат. Делови од извештајот не се објавени поради тековната полициска истрага која може да трае со месеци.

„ Некои од митинзите се сериозен пропуст кога станува збор не само за почитување на високите стандарди што се очекуваат од оние кои работат во срцето на владата, туку и за стандардите што се очекуваат од целото британско население во тоа време“, напиша Греј.

Според неа и дека прекумерното консумирање алкохол во Даунинг стрит не е соодветно.

Во контекст на пандемијата, кога владата побара од граѓаните да прифатат далекусежни ограничувања во нивните животи, тешко е да се оправда однесувањето на тие собири, се вели во извештајот.

Од Греј беше побарано да го истражи одржувањето на повеќе од десетина собири, вклучително и забавата „донеси си пијалок“ во градината Даунинг стрит, која се одржа во време кога милиони Британци со месеци беа одвоени од пријателите и роднините поради ограничувањата.

Share
Scroll to Top