Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

пред 3 години

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години.

По вакцинацијата на здравствените работници, програмата за вакцинација на коронавирус влегува во фаза на инјектирање на првата доза врз општата популација.

100-годишен старец вчера доцна попладне беше вакциниран на островот Крит.

Андроникос Панталос беше еден од првите што учествуваше во програмата за вакцинација. Постариот човек се појавил во болницата со својата ќерка и бил вакциниран, јавуваат грчките медиуми.

До денес, 75.276 лица се вакцинирани во Грција.

Во петокот попладнето, заменик министерот за здравство Василис Контосаманис ја коментираше веста дека ќе се одложи снабдувањето со вакцини на Фајзер во Грција, како и низ цела ЕУ. Тој увери дека Грција има количини за да им ја обезбеди втората доза на оние кои веќе биле вакцинирани.

Грција обезбеди 26.090.000 дози, што одговара на вакцинирање на 15.450.000 граѓани.

 

Share
Scroll to Top