Грција се подготвува за екстремен топлотен бран

пред 3 години

Грција се подготвува за екстремен топлотен бран со температури кои треба да се искачат до 44 степени целзиусови во наредните денови, пренесуваат агенциите.

Грчката метеоролошка служба и Националната цивилна заштита вакво предупредување издадоа денеска, а според најавите топлиот бран се очекува да трае до 8 август, невообичаено долг период, велат надлежните служби.

Од утре натаму се очекува температурата во текот на ноќта да биде над 30 степени, што е особено тешка состојба за човечкото тело со оглед на тоа што не може да се опорави од топлината, велат експертите.

Кај грчките служби постои и страв дека пожарите би можеле да започнат рапидно да се шират низ земјата во која падна малку дожд во последните неколку недели.

Тамошните медиуми потсетуваат дека во 1987 година, 4.000 луѓе починаа од сличен топлотен бран, кога системите за климатизација сè уште не беа вообичаени. Тогаш посебно погодени беа постарите луѓе во градовите.

Големи делови на полуостровот Пелопонез беа изгорени во пожарите во 2007 година за време на уште еден топлотен бран кога загинаа десетици луѓе.

Share
Scroll to Top