Ситуацијата во светот се влошува, бидејќи војните се множат и стануваат посложени, изјави денес генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, и предупреди дека растечките геополитички поделби го парализирале Советот за безбедност и ги оставиле најранливите во „многу драматични ситуации“.
Во интервју за „Ал Џезира“, Гутереш рече дека вклучувањето на „суперсилите“ и клучните членови на Советот за безбедност на ОН во војните создало криза поради континуираните прекршувања на меѓународното право.
„Ова создава средина на неказнивост, во која средните сили веруваат дека можат да прават што сакаат, бидејќи ништо нема да им се случи“, рече Гутереш во пресрет на неговото последно обраќање пред Генералното собрание на ОН (GSUN) во својство на генерален секретар.
Текстот Гутереш: Ситуацијата во светот се влошува, додека војните се множат е превземен од МАКФАКС.





