Данската премиерка до Трамп: Гренланд не е на продажба, почитувајте го нашиот суверенитет

Данската премиерка до Трамп: Гренланд не е на продажба, почитувајте го нашиот суверенитет

пред 4 часа

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Гренланд не е на продажба и рече дека очекува сојузниците да го почитуваат данскиот суверенитет. Премиерката реагираше на повторените амбиции на Доналд Трамп да ја преземе контролата врз полуавтономниот арктички остров.

Фредериксен зборуваше на самитот на НАТО во турската престолнина Анкара, само неколку часа по последните изјави на Трамп. Гренланд е територија со висок степен на автономија, но е дел од Кралството Данска.

Трамп: Гренланд треба да им припаѓа на САД
За потсетување, неколку часа пред изјавата на данската премиерка, Трамп повторно го отвори прашањето за Гренланд по пристигнувањето на самитот на НАТО. Во разговор со новинарите, тој тврдеше дека Гренланд е една од главните причини за неговото незадоволство од односот со НАТО.

„Тоа е она што ми го уништи односот со НАТО. Данска нема потреба од Гренланд, тие не трошат пари за навистина да му помогнат, а тоа е многу важно за САД. Опкружен е со кинески и руски бродови“, рече Трамп.

Тој додаде дека „Гренланд треба да биде управуван од САД, а не од Данска“ и предложи САД да ги повлечат сите свои војници од Европа. „Подобро да внимаваат“, рече американскиот претседател.

Текстот Данската премиерка до Трамп: Гренланд не е на продажба, почитувајте го нашиот суверенитет е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top