Двајца тинејџери се обвинети за пукање на победничката парада на Супербол во Канзас Сити, при што едно лице беше убиено, а 22 беа ранети, јавува Би-би-си.
Двајца осомничени, и двајцата помлади од 18 години, се приведени под обвинение дека биле вооружени и дале отпор при апсењето, се наведува во судското соопштение.
Полицијата претходно соопшти дека пукањето било резултат на расправија и дека не е поврзано со тероризам.
Третото лице кое е приведено по пукањето е ослободено.
Текстот Двајца малолетници обвинети за смртоносното пукање на парадата на Супербол е превземен од МАКФАКС.