Двајца тинејџери повредени во пукотници во близина на училиште во Русија

пред 3 години

Двајца тинејџери се повредени откако се случи пукање во близина на училиште во градот Волжски, во регионот Волгоград во Русија, пренесуваат руските медиуми.

Момчињата на возраст од 15 и 16 години биле повредени на улицата во близина на училиштето.

Едното момче е рането во ногата, а другото во подлактицата, но нивната состојба не е загрижувачка. Тие биле пренесени во болница.

Засега според извештаите на медиумите, не се познати причините зошто дошло до пукање и кој го извршил истото.

Share
Scroll to Top