Два дена одмор за вработените во администрација во Чешка кои ќе се вакцинираат

пред 3 години

Владата на Чешка објави дека го усвоила предлогот да им се даде дополнителен одмор на сите вработени во јавната администрација кои се вакцинирани против Ковид-19.

Оваа мерка, донесена во договор со синдикатите, се однесува на сите вработени вакцинирани од 1 јануари, кои можат да искористат два дополнителни дена годишен одмор до крајот на годината.

„Не успеав да најдам други начини за да ги мотивирам да се вакцинираат. Некои можеби го критикуваат решението и велат дека е неправедно, но мислам дека е фер”, рече премиерот Андреј Бабиш, повикувајќи ги приватните компании да понудат нешто слично на нивните работници.

„Секој добар работодавач и сопственик на фирма е свесен дека мора да ги заштити своите работници. Во спротивно, заразените работници ќе завршат во карантин, што може да има лоши последици за компанијата”, рече Бабиш.

Од 10,6 милиони жители на Чешка, 4,7 милиони се целосно вакцинирани.

Share
Scroll to Top