Две жртви во пожар во ковид болница во Русија

пред 2 години

Две лица загинаа денеска во пожар во ковид болницата во Астрахан, на југот на Русија, пренесуваат медиумите во регионот.

Пожарот избувнал во одделението за интензивна нега.

Според првичните информации се запалил апаратот за довод на кислород.

Персоналот и пациентите се евакуирани од зградата.

Share
Scroll to Top