Две лица загинаа по пукање во супермаркет во Германија

пред 2 години

Две лица загинале во пукање во супермаркет во централниот германски град Швалмштат, јавуваат тамошните медиуми.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Двете лица биле пронајдени починати во супермаркет северно од Франкфурт, соопштиле властите.

Според локалната полиција, пукањето било пријавено околу 13 часот по локално време.

Полицијата соопштила дека мотивот за пукањето се уште не е јасен и дека нема понатамошна опасност за јавноста.

Регионалниот весник ХНА, повикувајќи се на очевидци, објави дека маж убил жена, а потоа се самоубил во супермаркетот „Алди“.

Швалмштад е град со средна големина со нешто помалку од 20.000 луѓе, на околу 90 минути возење северно од Франкфурт, пренесуваат агенциите.

Share
Scroll to Top