Двојно убиство се случи во Дасија, познато летно одморалиште на островот Крф, кога напаѓач уби жена и маж, а потоа изврши самоубиство.
Властите биле информирани во 11.30 часот, а кога полицијата пристигнала на местото на настанот ги открила телата на маж и жена пред куќата, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Според последните информации, сторителот изнајмил стан во двокатната куќа на сопственичката која го иселила, а засега не се разјаснети околностите за смртта на другата жртва, лице кое претходно живеело во Франција.
По добиените информации на тамошните медиуми, сторителот пукал и убил жена околу 11,30 часот, по жестока пресметка во дворот на нејзината куќа.
Пукал и убил странец кој живеел на првиот кат а потоа наводно се заклучил во куќата и си го одзел животот.
Истрагата е во тек, а полициските сили се на лице место, пишуваат медиумите.
Инцидентот се случил покрај голем хотелски комплекс и веројатно се случил поради финансиски или имотни спорови, пренесуваат медиумите.
Според полициски извори, сторителот, инаку татко на полицаец, отворил оган со ловечко оружје.