Девет деца затруени со хлор во Русија по посета на фитнес центар

пред 2 години

Обвинителството во Омск истражува инцидент поради девет малолетни деца кои се хоспитализирани поради сомнение за труење со хлор по посетата на фитнес центар во градот Омск во Западен Сибир, соопшти денеска обвинителството на оваа област.

„Обвинителството на областа Киров во Омск покрена истрага за информации за девет малолетници кои се хоспитализирани поради сомневање за труење со хлор по посетата на фитнес центарот во Омск на 2 јануари“, се вели во соопштението на прес-службата.

Извор од локалната служба за итни случаи изјавил дека неколку семејства биле во фитнес центар во Омск, а утрото девет тинејџери биле пренесени во болниците во Омск со знаци на труење со хлор.

Како што се наведува, сите се хоспитализирани, од кои тројца се со умерена и шест со лесна состојба, додека една жена останала дома на домашно лекување.

Министерството за здравство на Омската област соопшти дека дел од малолетниците денеска ќе бидат пуштени од болниците.

Во текот на истрагата, истражителите ќе утврдат дали услугите што ги дава фитнес центарот се во согласност со санитарните стандарди, епидемиолошките и другите барања, наведува руската агенција.

Share
Scroll to Top