Дел од Австрија под вода: спасени 150 млади луѓе

Дел од Австрија под вода: спасени 150 млади луѓе

пред 2 месеци

Доброволната противпожарна бригада на селото Цел синоќа евакуира 150 деца и млади луѓе, кои учествуваа во извиднички камп во тој австриски регион, откога реката одеднаш се зголеми поради обилните дождови.

Пожарникарите исто така помогнаа во расклопувањето на шаторите, а поради неповолните временски прогнози, кампот на крајот беше целосно откажан.

Според информациите од властите, човечките животи не беа директно загрозени, објави „Кронен цајтунг“.

Неколку обилни дождови предизвикаа и интервенција на пожарникарите во западна Долна Австрија, според заменик-началникот на противпожарната служба на округот Амштетен, Јозеф Фуксбергер, додавајќи дека дел од градот Хајдерсхофен е целосно отсечен поради поплави.

Исто така, беше поставена подвижна одбрана од поплави за заштита на објектите, рече Фуксбергер.

Фото: принтскрин

Текстот Дел од Австрија под вода: спасени 150 млади луѓе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top