Денеска, во Финска е ден на жалост за жртвата на пукањето во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки, а полицијата соопшти дека осомниченото момче (12) се изјаснило за виновно за нападот.
Соопштено е дека се познати и мотивите на осомничениот, кој признал при сослушувањето, пренесува финскиот јавен сервис.
Момче (12) од добиените повреди починало на самото место, а две повредени девојки се во тешка состојба во болница.
Напаѓачот е фатен во предградието на Хелсинки, Силтамаки, а пукањето се случило во училиштето „Вијертола“, во кое учат околу 800 ученици од прво до деветто одделение и каде што работат 90-ина вработени. Наставата во ова училиште продолжи и денеска.
Текстот Ден на жалост во Финска, малолетник се изјасни за виновен за пукањето: едно дете убиено, две во тешка состојба е превземен од МАКФАКС.