Шест Палестинци, меѓу кои и едно дете, се застрелани од израелските сили на окупираниот Западен Брег во текот на ноќта, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Пет лица загинаа во градот Џенин, а шестото во Јатма, село во близина на градот Наблус.
Шест други се повредени во пукањето во Џенин, соопшти Министерството.
Израелската војска соопшти дека ги проверува извештаите.
Текстот Дете меѓу шестмината убиени од израелските сили на Западниот Брег, велат палестинските власти е превземен од МАКФАКС.