Агенцијата на ОН за палестински бегалци предупреди дека децата во Газа најверојатно ќе пропуштат најмалку една година образование, со суспендирана учебна година и затворени училници.
Во училиште во градот Деир ал Балах во централна Газа, зградата е преполна со раселени луѓе.
Зиад Талеб, дописник за вести на ОН, рече дека има „одвај празен простор во дворот или училниците“ на подготвителното училиште Деир ал Балах.
Игралиштето сега е полно со шатори, а наставниците се свртеа кон поддршка на раселените луѓе.
Текстот Децата во Газа веројатно ќе изгубат најмалку една година образование е превземен од МАКФАКС.






