Дипломат на ЕУ: Русија не може да биде запрена, а нема договор за ембаргото на руската нафта и гас

пред 3 години

Неуспехот на земјите-членки на Европската унија да се договорат за ембарго на руската нафта покажува дека блокот ги достигнува своите граници во однос на капацитетот за дополнително воведување финансиски санкции кон Москва, изјави еден дипломат на ЕУ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

-Доколку имаше проблем со ембаргото на руската нафта, замислете што би се случило со предлогот за забрана на гасот. Седмиот пакет санкции против Москва ќе биде исклучително тежок, изјави неименуван дипломат на ЕУ за порталот Еурактив, пренесува Раша тудеј.

Земјите-членки на ЕУ не успеаја да се договорат за предлогот за забрана на увозот на руска нафта, по повеќе од 10 дена преговори, при што Унгарија ја предводи групата земји кои се против мерката. Планираното ембарго на руската нафта беше дел од шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија поради конфликтот во Украина, кој беше предложен на 4 мај.

Дипломатот на ЕУ за „Еурактив“ изјави дека иако има напредок во преговорите со Унгарија за откажување од ветото за ембаргото на руската нафта, севкупната атмосфера покажа дека „направивме дури и чекор наназад“.

– Унгарија прави се за да добие гаранции, во суштина да добие пари од Фондот за закрепнување, па дури и повеќе од тоа, додаде дипломатот.

Според него, позицијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан по ова прашање ги става другите влади во тешка позиција, бидејќи ако Будимпешта го добие она што го сака, на другите, како Бугарија, ќе им биде тешко да им објаснат на луѓето во нивната земја зошто тие не доби слични отстапки, пренесува Раша тудеј.

Share
Scroll to Top