Директорот на СЗО за Европа: Најлошото сценарио е зад нас

пред 4 години

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, изјави дека панемијата на коронавирусите ќе заврши на почетокот на 2022 година.

Во интервју за данската државна телевизија, Клуге потенцираше дека 2021 година ќе биде и година на Ковид-19, но година во која ќе биде многу полесно да се справи со пандемијата во споредба со 2020 година.

Клуге верува, дека најлошото сценарио е зад нас и дека има повеќе податоци за вирусот во споредба со 2020 година, кога тој започна да се шири.

Истакнувајќи дека никој не може однапред да го знае развојот на епидемијата, рече:

„Мислам дека епидемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година“. Сè уште ќе има вируси, но мислам дека нема да бидат потребни ограничувања“, изјави Клуге.

Зборувајќи за мутациите на Ковид-19, тој објасни дека тие се нормални и дека вирусот се обидува да се прилагоди на заразеното лице, но дека брзото ширење на мутациите го загрижува.

Клуге истакна дека внимателно следат колку се ефективни вакцините против Ковид-19 поради брзината на ширење на мутациите. Нагласувајќи дека мутациите нема да го извлечат вирусот од контрола, тој рече дека мутациите се сфаќаат многу сериозно.

Share
Scroll to Top