Директорот на Суецкиот канал, египетскиот адмирал Осама Раби изјави дека загубите поради заглавениот брод „Евер гивен“ може да достигнат милијарда долари.
„Износот, штетата и загубите, односно колку пари отидоа на копање, на влечење, допрва ќе се пресметаат, процената е можеби повеќе од милијарда долари“, рече Осама Раби, пренесе „Ројтерс“.
Бродот „Евер гивен“ беше заглавен во Суецкиот Канал речиси една недела, а беше ослободен во понеделникот.
Суецкиот Канал е вештачки канал на ниво на морето во Египет, долг е 163 километри, ги поврзува Средоземното и Црвеното Море и ја одделува Африка од Азија.