Дмитриев: Европа се соочува со најголемата енергетска криза во историјата

Дмитриев: Европа се соочува со најголемата енергетска криза во историјата

пред 9 часа

Директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев, денес изјави дека очекува Европа да се соочи со енергетска криза, „најголемата во нејзината историја“.

„Следната прогноза: најголемата енергетска криза во европската историја, предизвикана од претходните стратешки грешки во енергетскиот сектор и тврдоглавоста на (претседателката на Европската комисија) Урсула фон дер Лајен“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека се подготвува криза со ѓубрива, како што предвиде пред една недела, по што „ќе следи криза со безбедноста на храната“, пренесува РИА Новости. „Правењето прогнози е лесно кога се базираат на податоци и трендови“, рече Дмитриев. Претходно, директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции процени дека „русофобите од Европската Унија“ ќе мора да ја молат Русија за залихи на нафта, гас и ѓубрива.

Во интервју за РИА Новости, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна дека земјите од Западна и Централна Европа се соочуваат со енергетски колапс поради кризата на Блискиот Исток и нејзиното влијание врз снабдувањето со гориво, „до кое Европејците повеќе немаат пристап“.

Ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток го доведоа превозот низ Ормутскиот теснец практично до застој, што ги натера осигурителните компании да ги зголемат премиите и да го преиспитаат покритието. Ова е клучниот пат за снабдување со нафта и течен природен гас од земјите од Персискиот Залив до светскиот пазар, кој покрива приближно 20 проценти од глобалните залихи на нафта, нафтени деривати и течен природен гас, пренесува Танјуг.

Текстот Дмитриев: Европа се соочува со најголемата енергетска криза во историјата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top