Дмитриј Кулеба: Чекаме сигнали од Москва, нема да ги преминеме црвените линии

пред 2 години

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска изјави дека Киев со нетрпение ги очекува сигналите што францускиот претседател Емануел Макрон ги донесе од Москва по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.

„Многу пати сум кажал дека сме отворени за дијалог, дека сме конструктивни, дека бараме дипломатско решение, но нема да ги преминеме нашите црвени линии и никој не може да не принуди да ги преминеме“, рече Кулеба, пренесува РИА Новости.

Макрон денеска пристигна во Киев, каде ќе разговара со претседателот на Украина Владимир Зеленски, а вчера во Москва пет часа разговараше со рускиот лидер Владимир Путин, во обид да ги намали тензиите меѓу Западот и Русија предизвикани од ситуацијата околу Украина.

Share
Scroll to Top