Добил отказ бидејќи Путин му е пријател

пред 3 години

Покрај санкциите наметнати на Русија, нападот започна и врз оние европски политичари кои се уште јавно не ја осудиле воената акција на Путин во Украина.

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го оставаат долгогодишните соработници поради неговата блискост со рускиот претседател Владимир Путин.

Тројца негови вработени и неговиот долгогодишен шеф на кабинет, Алберт Фанк, поднеле оставка, пишува The Pioneer.

Причината за отказот е одбивањето на Шредер да се дистанцира од Путин.

Фанк има право да се врати во администрацијата на германската влада, а канцеларот Олаф Шолц има право да одлучи дали Шредер како поранешен канцелар ќе добие нови вработени за својата канцеларија.

Шредер е висок функционер во руски „Роснефт“, има висока позиција во проектот „Северен тек“ и е во бордот на директори на „Газпром“.

Поранешниот шеф на германската влада, по почетокот на руската воена операција во Украина, беше остро критикуван, бидејќи на социјалните мрежи напиша дека се направени грешки на двете страни – Западот и Русија.

Сепак, Шредер побара од Русија да ја прекине војната што е можно поскоро.

Share
Scroll to Top