Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека нема волја за решавање на политичката криза во БиХ.
По средбата на членовите на Претседателството на БиХ со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, Додик рече дека „постојат политики кои сакаат некому нешто да наметнат, да легализираат некои работи што не се во согласност со Уставот и дека таква БиХ не може да функционира и опстојува“, нагласувајќи дека тоа му го рекол и на Борел, пренесува РТРС.
Додик рече дека ставот на ЕУ е оти е неопходно да се стабилизира ситуацијата во БиХ во насока на приклучување.
Кога станува збор за изборните реформи во БиХ, Додик рече дека сите бараат да се направи нешто во таа област. Тој додаде дека техничките измени во Изборниот законик не можат да се донесат без претставникот на Република Српска.
Додик рече и дека проблем во БиХ е што не е свикана седницата на претседателството за ситуацијата во Украина.