Доминиканската Република гради ѕид за да се заштити од Хаити

пред 3 години

Владата на Доминиканската Република почна да гради ѕид што ќе покрива повеќе од половина од границата со Хаити, неговиот единствен копнен сосед, со цел да спречат нерегулирана миграција и шверц на стоки, оружје и дрога.

Бетонскиот ѕид со дебелина од 20 сантиметри ќе биде висок 3,9 метри и ќе се протега во должина од 392 километри, а ќе има оптички влакна за комуникација, сензори за движење, камери, радари и дронови. Проектот вклучува и изградба на 70 места за набљудување и 41 патролна влезна врата.

Хаити е сиромашна карипска држава погодена од криминал, додека Доминиканската Република напредуваше како популарна карипска туристичка дестинација во изминатите децении поради политичката стабилност.

Многу Хаиќани тајно ја преминуваат границата во потрага по работа во полињата и градежната индустрија во Доминиканската Република.

Share
Scroll to Top