До крајот на следната недела масовна вакцинација против коронавирус во Русија

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин нареди почеток на масовна вакцинација против коронавирус во Русија до крајот на следната недела, пренесува РТ.

Лекарите и наставниците први ќе ја примат вакцината.

Руската фармацевтска индустрија е подготвена за обемна вакцинација, бидејќи количината на дози на веќе произведената пионерска анти-ковид вакцина „Спутник 5“ ќе достигне два милиони во наредните денови, рече Путин.

Русија прави неколку вакцини против Ковид-19, а за првата која е регистрирана, „Спутник V“, нејзините креатори тврдат дека е ефикасна околу 95%.

Регистрирани се 2,3 милиони случаи на коронавирус во Русија, повеќе од 25.000 случаи за еден ден од последниот пресек.

Share
Scroll to Top