Драмата во Грција не престанува: Нов силен земјотрес ги разбуди жителите, затворени некои училишта

Драмата во Грција не престанува: Нов силен земјотрес ги разбуди жителите, затворени некои училишта

пред 5 часа

Грчкиот остров Евија утрово беше погоден од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од четири километри и на 78 километри од градот Перистери.

Земјотресот се случил во 5:13 часот наутро по локално време и предизвикал вознемиреност кај жителите на областа, особено имајќи предвид дека Евија вчера беше погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот бил 5,2, објавува „Прототема“.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. Поради континуираната сеизмичка активност, властите одлучија да затворат неколку основни и средни училишта во областа како превентивна мерка.

Пожарникарите објавија дека се во состојба на зголемена готовност.

Серија земјотреси ја погодија Грција
За потсетување, серија силни земјотреси ја погодија Грција вчера за само неколку минути, во близина на Халкида. Најсилниот земјотрес имаше јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала.

„Лустерите се нишаа, радијаторите се тресеа“, „И во Атина се почувствува добро“, „На Халкида се тресеше навистина добро“, се само дел од коментарите на грчките жители на веб-страницата на EMSC.

Првиот земјотрес се случи во 13:02 часот по локално време и беше со јачина од 5,1 степени. Вториот, исто така, се случи во 13:02 часот и беше со јачина од 5 степени.

Третиот се случи во 13:04 часот и беше со јачина од 3,6 степени. Четвртиот се случи во 13:06 часот и беше со јачина од 3,6 степени.

Текстот Драмата во Грција не престанува: Нов силен земјотрес ги разбуди жителите, затворени некои училишта е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top