Евакуација и црвено предупредување поради поплави  во Франција

Евакуација и црвено предупредување поради поплави во Франција

пред 2 часа

Три департмани во Франција – Лоара-Атлантик, Мен-ет-Лоар и Шарант-Мортим остануваат под црвено предупредување поради поплавите што го погодија подрачјето.

Уште 14 департмани се под портокалово ниво на предупредување, објави порталот „BFM TV“.

Во Мен и Лоара, целиот град беше евакуиран бидејќи нивото на реката Сарт се зголемува и достигна 6,63 метри утрово.

Во Сент и Анже, градските центри се делумно под вода, а локалните жители и трговците се соочуваат со штети и закана од понатамошни поплави.

Во Сенестис (Лот и Гарон), поплавите предизвикаа штети на полиња и оранжерии.

Иако за денес се предвидува суво време, метеоролозите предупредуваат дека поплавите сè уште се шират низводно, што значи дека опасноста за локалното население продолжува.

Покрај поплавите, четири алпски департмани – Јизера, Горња Савоја, Савоја и Горњи Алпи се уште се под портокалово предупредување поради ризик од лизгање на земјиштето, додека налетите на ветерот во некои области достигнаа и до 147 километри на час.

Текстот Евакуација и црвено предупредување поради поплави во Франција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top