Европската агенција за лекови смета на дистрибуција на вакцината против коронавирус во јануари

пред 4 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) предвидува дека ќе даде одобрение за првата вакцина против коронавирус до крајот на годината, со очекуван почеток на дистрибуција во јануари, изјави директорот на агенцијата.

Доколку податоците се солидни, тие би можеле да дадат зелено светло за првата вакцина до крајот на годината и да започнат со дистрибуција во јануари“, рече Гвидо Раси, директор на Европската агенција за лекови, во интервју објавено во италијанскиот весник „Ил Соле 24 Оре“.

Таа институција е надлежна за одобрување и контрола на лековите во ЕУ. Последното зелено светло, дадено од Европската комисија, ќе им овозможи на лабораториите да започнат со продажба на своите лекови низ цела ЕУ.

Ако вакцината биде пуштена на пазарот во јануари, нејзините први ефекти врз ширењето на вирусот ќе бидат видливи за пет, шест месеци, во суштина следното лето“, рече тој.

„Очигледно, нема да биде можно да се вакцинира целиот свет, но ќе започнеме со најизложените категории, како што се старите лица и вработените во здравствената заштита, кои ќе започнат да ги блокираат преносните мостови“, додаде тој.

Тој процени дека треба да се вакцинираат повеќе од половина од европската популација за да може да се случи намалување на пандемијата, за што се потребни најмалку 500 милиони дози во Европа.

„Ќе треба најмалку една година за сите да бидат вакцинирани и ако сè се одвива добро на крајот на 2021 година, ќе имаме доволно вакцини“, рече Раси.

Share
Scroll to Top